Професор од ФПТН дел од меѓународен истражувачки проект за минерали

Во рамките на научноистражувачкиот проект „Продукти на распад на цврст руднички отпад од sb-As-(-Cr) нао­ѓа­ли­ш­тето Лојане (Република Македонија)” помеѓу Република Македонија (Факултет за природни и технички науки) и Австрија (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена), проф. д-р Горан Тасев од ФПТН реализираше научен престој во Виена.

 

До стегосаурусот во холот на Факултетот за науки за Земјата, географија и астрономија (во чии рамки е Одделот за кристалографија и минералогија)
До Bruker D8 Advance рендгенскиот дифрактометар при Одделот за кристалографија и минералогија
Кон главниот влез на Природно-научниот музеј во Виена, Австрија
Примерок на лорандит од Алшар, Р Македонија, во витрините на Природно-научниот музеј во Виена, Австрија (постојана минералошко-кристалографска поставка)

Носител на овој проект од Македонија е проф. д-р Тодор Серафимовски, а од Австрија е доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ.

Во рамките на научниот престој, проф. Тасев и колегите доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ, д-р Уве Колитч и д-р Дан Топа (Природно-научен музеј во Виена – втората институција партнер во проектот од австриска страна) работеа на одредба на фазите на распад на примероци од наоѓалиштето Лојане, земени при теренската посета на локалитетот во декември 2016 година. На скенинг електронскиот микроскоп и електронската микропроба за првпат на овој локалитет беа одредени нови преодни минерални фази, чии дополнителни испитувања ќе се направат во периодот што следува, но и на нови примероци кои би требало да бидат земени во мај 2017 година, за кога е планирана теренска посета на австриската група во Република Македонија.