Експерти од Австрија ќе одржат предавања на ФПТН

Во рамките на научната соработка за научноистражувачкиот проект „Продукти на распад на цврст руднички отпад од Sb-As-(-Cr) наоѓалиштето Лојане (Република Македонија)” помеѓу Република Македонија (Факултет за природни и технички науки; раководител на проект проф. д-р Тодор Серафимовски) и Австрија (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена; раководител на проект прив. доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ), на 10 мај 2017 година со почеток од 11 часот во предавална бр. 9 на Кампус 2 (Факултет за природни и технички науки) ќе бидат одржани три предавања од колегите од Австрија и од Германија.

  1.  Topic: Mineral-related arsenic oxo-salts: insights into the structural chemistry and new synthesis approaches
    (Арсенски окси-соли поврзани со минерали: увид во структурната хемија и нови пристапи на синтеза)
    Priv.-Doz. Dr. Tamara Đorđević.
  2. Topic: Evolution of minerals – a new permanent display at the Natural History Museum, Vienna
    (Еволуција на минералите – нова постојана поставка во Природно-научниот музеј во Виена)
    Priv.-Doz. Dr. Uwe Kolitsch.
  3. Topic: Weathering of tetrahedrite – a story of many elements
    (Распад на тетраедритот – приказ на за многу елементи)
    Prof. Dr. Juraj Majzlan.