Професори од ФПТН во работна посета на Универзитетот во Виена

Во рамките на научноистражувачкиот проект „Продукти на распад на цврст руднички отпад од Sb-As-(-Cr) наоѓалиштето Лојане (Република Македонија)” помеѓу Република Македонија (Факултет за природни и технички науки) и Австрија (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена), проф. д-р Тодор Серафимовски и проф. д-р Горан Тасев од ФПТН реализираа научен престој во Виена, во периодот од 21 до 25 јуни 2017 година.

Посета на лабораторијата за дифрактометрија и Раманска спектрометрија при Институтот за кристалографија и минералогија при Универзитетот во Виена, Австрија

Во рамките на научниот престој, проф. д-р Тодор Серафимовски и проф. д-р Горан Тасев заедно со колегите доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена), како и д-р Уве Колитч и д-р Дан Топа (Природно-научен музеј во Виена – втората институција партнер во проектот од австриска страна) работеа на лабораториски испитувања на примероци од арсенско-антимонски руди од локалитетот Лојане, земени во периодот ноември 2016 г., февруари 2017 г. и мај 2017 г. На овие примероци претставниците на УГД зедоа активно учество во мерењето на скенинг електронскиот микроскоп, електронската микропроба, рендген дифрактометар и Раман спектрометар. За време на престојот се оформи и апстракт на дел од добиените резултати, кој ќе биде испратен за презентација на материјалите на минералошко-петролошката конференција во Инсбрук, Австрија, која ќе се одржи кон средината на септември 2017 година.

 

Фото на Проф. Горан Тасев со палеонтолошки експонат во музејската збирка на Институтот за минералогија при Универзитетот во Виена
Заедничка фотографија на лидерите на прое-ктот од Македонска и Австриска страна во аулата на Институтот минералогија при Универзитетот во Виена, Австрија
Лабораториски активности и мерење на скенингелектронски микроскоп со колегата д-р Уве Колич со успешна одредба на неколку минерални фази од наоѓалиштето Лојане
Оперативни активности на електронска микропроба на Проф. Серафимовски со колегата д-р Дан Топа во лабораториите на Природно-научниот Музеј во Виена, Австрија