Search

Создаваме иднина со знаење

Знаењето и вештините кои ги нуди нашиот факултет овозможуваат создавање инженери соодветени да одговорат на потребите во индустријата.

На Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии). Студиските програми се современи, прилагодени на потребите на пазарот на трудот и се усогласени со принципите на Болоњската декларација. Сите понудени програми се акредитирани од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и редовно се ажурираат согласно со динамичните промени во индустријата.

Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование која, преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.

Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус на универзитетски и професионални студии. Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може да се запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во самиот конкурс.

Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.

Воспоставена соработка