На прославата по повод 70-годишнината од постоењето на Цементарница „Титан усје“, Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип доби Благодарница за континуирана поддршка и партнерство во развојот на знаење и иновации.
Ова признание претставува потврда за долгогодишната соработка меѓу академската заедница и индустријата, како и за заедничките напори во унапредување на образованието, научноистражувачката работа и примената на нови технологии.
