Се известуваат студентите на Факултетот за природни и технички науки дека на ден 25.03 2021 година (четврток) дека ќе се одржи избор за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на ФПТН по електронски пат.
Право да избираат и да бидат избрани за членови и претседател на Факултетско студентско собрание, имаат сите активни студенти од прв, втор и трет цилкус на студии во рамките на единицата кои се запишани на студии во учебната 2020/21 година.
На денот на изборите секој студент на единицата на студентската е-пошта ќе добие два линка за гласање за членови и претседател на Факултетско студентско собрание.
Пријава за избор на член и претседател на Факултетско студентско собрание е достапна кај Продеканот на единицата, Проф. д-р. Ѓорќи Димов (контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / тел. 075389303) и се доставува лични или електронски на е-пошта (скенирана со потпис на студентот) до архивата на единицата кај техничкиот секретар, м-р Ана Станковска - (е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).
24.2 2021 година
Декан
Проф. д-р Зоран Деспотов