Search

Додипломски студии (Прв циклус)

Студиски програми

Факултетот за природни и технички науки во Штип во рамки на додипломските студии (прв циклус), нуди палета на повеќе наставни програми од областа на инженерството. Наставните програми се современи, сеопфатни и прилагодени како на домашниот, така и на глобалниот пазар на труд. Стекнатите знаења и вештини ќе ви отворат можности за широк избор на работни позиции, како и можности за понатамошен професионален развој.

Со комплетирање на додипломските студии на Факултетот за природни и технички науки, вие се стекнувате со називот Дипломиран инженер во избраната област, а дипломите се и меѓународно признати.

Наставната програма по Рударство на дипломираните студенти им обезбедува силна теоретска и практична основа во рударството. Овие знаења и вештини можат да се применат во сите рудници за површинска и подземна експлоатација на металични или неметалични минерални суровини, како и во погоните за подготовка на минерални суровини, вклучувајќи проектирање, планирање, изведување и технички надзор на рударските активности, како и во градежните компании кои се занимаваат со изработка на патишта и слично.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран рударски инженер

Дел од носечките предмети на насоката Рударство вклучуваат:

 

  1. Инженерска графика
  2. Моделирање во рударството
  3. Планирање и проектирање
  4. Геодезија со рударски мерења
  5. Механика на карпи
  6. Стабилност на косини
  7. Дупчење и минирање
  8. Вентилација и одводнување
  9. Изработка на рударски простории
  10. Изработка на тунели
  11. Рударски извозни постројки
  12. Транспортни системи
  13. Технологија на експлоатација
  14. Подготовка на минерални суровини
  15. Рециклажни технологии
  16. Инсталации за рударски отпад
  17. Експлоатација на архитектонско-градежен камен
  18. Еколошки методи на експлоатација
  19. Заштита на животната средина од рударски активности
  20. Рекултивација и пејзажно уредување

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука

Во текот на студиите на програмата по Рударство, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

Технологии за експлоатација на минерални суровини: Студентите се стекнуваат со знаење за технологиите за површинска експлоатација на архитектонско-градежен камен, технологиите за површинска и подземна експлоатација на металични минерални суровини и еколошки методи на експлоатација на јаглен.
Проектирање и моделирање на рудници: Врз основа на обезбедени потребни податоци за проектирање се стекнуваат со знаења да проектираат и да моделираат одделни процеси во рударството.
Изградба на јамски простории и тунели: Со изучените методи за изградба на подземни конструкции подготвени се да се вклучат во процесот на изградба на тунели, метроа, подземни складишта и јамски објекти.
Дупчење и минирање: Стекнуваат знаења за иновативни техники за дупчење и минирање во рударството и градежништвото, како и при специјални минирања во урбани средини.
Подготовка на минерални суровини: Се стекнуваат со знаење за уситнување и класирање, како и за методите на концентрација на минералните суровини и филтрирање. Исто така стекнуваат знаење за проектирање и изведба на инсталации за отпад од минерални суровини.
Информатичка технологија: Изучување на софтвери за моделирање и проектирање на површински и подземни рудници, како и технолошкиот процес за подготовка на минерални суровини.
Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи писмена и вербална комуникација, како и способност да се презентираат можни решенија за ефикасна, економична и безбедна експлоатација на минералните суровини.

Можностите за вработување по завршувањето на оваа програма се претежно насочени во рударските компании, како и во други компании кои имаат потреба од добро оспособени инженери.

Рударски инженери во рудници: Дипломираните рударски инженери можат да работат на различни позиции како: 

Рударски инженери: Го организираат и контролираат процесот на експлоатација, процесот на подготовка на минерални суровини и процесот на одлагање на јаловина. Исто така, рударските инженери се вклучени во одделите за заштита при работа, заштита на животната средина и во лабораториите во рамки на рудникот.

Сменски рударски инженери: Се одговорни и донесуваат одлуки за процесите на експлоатација, подготовка на минерални суровини и одлагање на јаловината во рамки на една смена.

Главни рударски инженери: Се одговорни за поедини фази за производство, дупчење и минирање, товарање и транспорт, подградување, вентилација, одводнување и депонирање на јаловина.

Управник: Го менаџира соодветниот процес, ги следи постигнатите резултати и презема корективни мерки за подобрување на истите.

Проектантски претпријатија и бироа: Проектираат одделни објекти и инсталации за потребите на рудниците, како и комплетно проектирање на нови или новоистражени делови на постоечки рудници.

Рударски инженери во градежни претпријатија: Имаат улога да ги следат процесите на правење ископи и минирања за добивање на бараните наклони на косините, како и при изградба на тунели, во процесот на пробивање и подградување на тунелот.

Консултантски и ревизорски куќи: Вршат консултантски услуги за постоечките рудници како и ревизии на изготвени проекти.

Студиска програма Рударство 

Предметна програма Рударство

Решение за акредитација Рударство

Решение за почеток со работа Рударство

Важни информации при упис на прв циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-upis)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-stu)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Наставната програма по Геологија на дипломираните студенти им обезбедува силна теоретска и практична основа во геологијата. Овие знаења и вештини можат да се применат во сите рудници за површинска и подземна експлоатација на металични или неметалични минерални суровини, вклучувајќи проектирање, планирање, изведување и технички надзор на геолошките активности, како и во градежните компании кои се занимаваат со изработка на патишта и слично.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран инженер геолог

Дел од носечките предмети на насоката Геологија вклучуваат:

  1. Минералогија
  2. Основи на геологија
  3. Општа хидрогеологија
  4. Петрографија
  5. Еколошка економија
  6. Петрологија 
  7. Палеонтологија и стратиграфија 
  8. Структурна геологија
  9. Основи на геофизика
  10. Генеза на рудни наоѓалишта
  11. Геохемија
  12. Минерални ресурси 
  13. Геотехника
  14. Геолошко картирање
  15. Инженерска геофизика 
  16. Геофизички истражувања 
  17. Геотектоника 
  18. Геохемија на води и седименти
  19. Економска геологија
  20. Геологија на Македонија

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите на програмата по Геологија, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини: Општа геологија: Запознавање со настанокот на Земјата и нејзиното место во Сончевиот Систем, нејзината внатрешна и надворешна градба, ендогените и егзогените процеси, основните методи за истражување на Земјината внатрешност.
Минералогија и петрологија: Студентите се стекнуваат со знаења за минералите, нивната класификација, постанок, физичките и хемиските својства и употреба, како и знаења од областа на петрологијата на магматските, метаморфните и седиментните карпи, како и знаења за нивната генеза.
Хидрогеологија и инженерска геологија: Се запознаваат со основните поими и закони во хидрогеологијата и инженерската геологија и карактеристиките на различните типови водоносници во кои може да се појавуваат подземните води. Од инженерско-геолошки аспект се дефинираат и димензионираат инженерските влијанија врз природната геолошка средина.
Структурна геологија и геолошко картирање: Се изучуваат примарните и секундарните геолошки структури, основни методолошки принципи на регионалните истражувања, геолошка работа на терен, изработка на геолошка карта.
Геофизички методи: Се стекнуваат со знаења за геофизичките методи: гравиметриски, геомагнетни, геоелектрични, сеизмички и термални. Примена на геофизичките методи во истражување и моделирање на градбата на Земјата според геофизичките податоци, истражување на минерални суровини со помош на овие методи.
Минерални ресурси: Студентите ја изучуваат генезата, геохемијата, просторната дистрибуција и употребната вредност на металичните, неметаличните и енергетските минерални суровини.
Информатичка технологија: Изучување на софтвери за моделирање на геолошките тела, нивните елементи на пад, структурата и текстурата, како и нивното место во просторот.
Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи писмена и вербална комуникација, како и способност да се презентираат проблеми поврзани со истражувањето во геологијата и начини за нивно решавање.

Дипломираните студенти на програмата Геологија имаат широк спектар на можности за кариера во различни сектори поради нивните силни теоретски и практични знаења. 

Инженери геолози во рудници: Дипломираните инженери геолози во рудниците вршат детално геолошко истражување на рудните тела, ја картираат геолошката средина, земаат примероци за хемиски анализи, изготвуваат проектна и техничка документација за детални геолошки истражувања.

Проектантски претпријатија и бироа: Проектираат геолошки истражни работи, истражуваат можности за изнаоѓање на нови резерви на минерални суровини, изготвуваат проектна документација и елаборати за извршени геолошки истражувања како за постоечките рудници и каменоломи, така и за нови перспективни терени.

Инженери геолози во градежни претпријатија: Имаат улога да го истражат и одредат геолошкиот состав и структурата на одредени терени каде што треба да се врши, на пример, дупчење и минирање за пресметка на соодветните количини на експлозив кој треба да се искористи, потоа за одредување на геотехничките карактеристики на теренот за добивање соодветни наклони на косините, како би се спречило евентуално зарушување и свлекување.

Консултантски и ревизорски куќи: Вршат консултантски услуги за постоечките рудници и каменоломи, како и ревизии на изготвени проекти и елаборати од детални геолошки истражувања.

Наставната програма по Инженерство за заштита на животна средина на дипломираните студенти им обезбедува силна теоретска и практична основа во инженерството за заштита на животната средина. Овие знаења и вештини можат да се применат во повеќе компании, вклучувајќи проектирање, планирање, утврдување на влијанијата врз медиумите на животната средина, како и нивни мониторинг и контрола, нивно вклучување во националните процеси за заштита на животната средина и слично.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран инженер по инженерство за заштита на животна средина

Дел од носечките предмети на насоката Инженерство за заштита на животна средина вклучуваат:

 

  1. Оцена на влијанија врз животната средина
  2. Законска регулатива во областа на животната средина
  3. Методи за процена на ризици и донесување одлуки
  4. Заштитени подрачја и геодиверзитет
  5. Еколошка економија
  6. Бучава во животна средина
  7. Загадување и заштита на воздухот
  8. Технологии за редукција на емисии во воздух
  9. Третман на отпадни води
  10. Хидрогеологија и заштита на подземни води
  11. Моделирање на загадување на почви и води
  12. Истражување и заштита на почви
  13. Рекултивација и пејзажно уредување
  14. Управување со комунален отпад
  15. Управување со посебни текови на отпад
  16. Технологии за третман на отпад 
  17. Рециклажни технологии
  18. Проектирање на депонии
  19. Заштита на животна средина од рударски активности
  20. Енергетска ефикасност

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите на програмата по Инженерство за заштита на животна средина, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини: 

Оцена на влијанија врз животната средина: Стекнување знаења за проценка на потенцијалните негативни влијанија врз животната средина како од природно, така и од антропогено потекло. Примена на системот за управување со животната средина. Изготвување проектна и техничка документација од областа на животната средина. 

Загадување и заштита на воздух: Запознавање со основните загадувачи на воздухот и методи за мониторинг и контрола на загадувањето. Преземање мерки за намалување на емисиите во воздухот.

Загадување и заштита на вода: Изучување на основните карактеристики на водите и методите за мониторинг и контрола на квалитетот на водите. Моделирање на загадувањето на подземните и површинските води, како и технологии за третман на отпадни води.

Загадување и заштита на почва: Изучување на основните карактеристики на почвите и методи за нивно истражување и заштита. Моделирање на загадувањето на почвите, како и рекултивација и пејзажно уредување.

Управување со отпад и рециклирање: Начини на одржливо управување со отпадот во согласност со принципите на циркуларна економија. Изучување на технологиите за рециклирање и третман на отпадот, како и современи методи за проектирање на стандардни депонии. 

Информатичка технологија: Изучување на софтвери за моделирање на загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и моделирање на дисперзија на бучавата.

Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи писмена и вербална комуникација, како и способност да се презентираат проблеми поврзани со загадувањето на животната средина и начини за нивно решавање.

По завршувањето на додипломската програма по Инженерство за заштита на животна средина, студентите се солидно подготвени за разновидни кариерни можности во различни индустрии и на различни работни позиции. 

Инженери за заштита на животна средина во компании: Одговорни за следење на технолошкиот процес и утврдување на можни емисии во воздух, вода и почва. Мониторинг на загадувачите согласно А и Б интегрираните еколошки дозволи и преземање мерки за контрола.

Проектантски и консултантски претпријатија: Одговорни за изготвување на елаборати и студии за оценка на влијанијата врз животната средина, како и изготвување на А и Б интегрирани еколошки дозволи. 

Инспекциски тела: Членови на инспекциските тела во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање вршат надзор, утврдуваат прекршувања на законските и подзаконските акти и изречуваат соодветни санкции за направената штета.

Овластени научни и стручни организации: Вршење мониторинг и анализа на медиумите и областите на животната средина.

Експерти за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина: Изготвуваат стратегиска оценка на влијанието врз животната средина на одредени проекти. Даваат свои ставови, мислења и препораки за клучни прашања поврзани со загадувањето на животната средина врз основа на претходно изработени краткорочни, среднорочни и долгорочни плански документи на национално и локално ниво.

Депонии: Одговорни за следење на процесот на депонирање и утврдување на можни загадувачки емисии, како и преземање мерки за нивно отстранување.

Наставната програма по Индустриска логистика на дипломираните студенти им обезбедува силна теоретска и практична основа во индустриската логистика. Овие знаења и вештини можат да се применат во сите компании, вклучувајќи проектирање, планирање, организирање и управување со производниот процес, како и негов мониторинг и контрола.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран инженер по индустриска логистика

Дел од носечките предмети на насоката Индустриска логистика вклучуваат:

 

  1. Теорија на логистиката
  2. Логистички активности
  3. Технички средства во логистиката
  4. Заштита на животната средина и реверзибилна логистика
  5. Логистика на опасни материи 
  6. Логистика на пренос на електрична енергија
  7. Дистрибутивна логистика
  8. Логистика на набавки и складирање
  9. Интелигентни транспортни системи
  10. Софтверска поддршка на логистиката
  11. Дизајн на логистички системи
  12. Планирање и проектирање на логистички центри
  13. Логистика на производство
  14. Логистика на опслужувачки процеси
  15. Логистика на внатрешен транспорт
  16. Маркетинг логистика
  17. Законска регулатива во логистиката
  18. Транспортни средства и системи
  19. Моделирање на производни процеси
  20. Развојни трендови во логистиката

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите на програмата по Индустриска логистика, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини: 

Логистика на производство: Изучување на основните постапки кои се неопходни во процесот на производство. Преземање мерки за остварување на максимално производство при минимални трошоци.

Логистика на набавки и складирање: Изучување и стекнување знаења за чекорите при набавки, оптимална количина на големина на една нарачка, потребна количина на залихи и нивно одржување, избор на складишта и распоред на стока во нив. Изучување на синџирите на снабдување.

Транспортни системи: Стекнување знаења за транспорт во самите индустриски постројки (внатрешен транспорт), карактеристиките на модалитетите на транспорт (надворешен транспорт) и критериумите за нивниот избор. Решавање на транспортни проблеми и избор на оптимални рути. Изучување на современите интелигентни транспортни системи. Изучување на развојот и примената на интелигентните патишта, интелигентните возила и слично. 

Планирање и проектирање на логистички центри: Изучување на постапките за правилно планирање и проектирање на нови логистички центри, запознавање со параметрите што треба да бидат земени предвид.

Дизајн на логистички системи: Стекнување знаења за дизајнирање на логистички системи и избирање оптимални локации со примена на методи за повеќекритериумско одлучување, со цел избирање на најоптимално решение при решавање на различни проблеми во логистиката.

Софтверска поддршка на логистиката: Изучување на современите интернет технологии и софтвери за моделирање на логистичките активности и нивна примена. 

Законска регулатива во логистиката: Изучување на законската регулатива која ја опфаќа логистиката, од организирање на производството до дистрибуција на готовиот производ.

Можностите за вработување по завршувањето на оваа програма се насочени во сите сектори на големите компании, како и во целокупната индустрија и се навистина големи.

Диспечерски центри: Одговорни за следење на технолошкиот процес и комуницирање со одговорните во производниот процес.

Логистичка поддршка во компаниите: Одговорни за организирање на логистиката во производството, преку набавка, складирање, производство и дистрибуција на готовиот производ. 

Инспекциски тела: Членови на инспекциски тела во рамки на повеќе министерства на РС Македонија (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање и слично) вршат надзор, утврдуваат прекршувања на законските и подзаконските акти и изречуваат соодветни санкции за незаконско работење или направена штета.

Шпедиција: Одговорни за склучување договори за вршење трговски услуги преку превоз на одредена стока и за таа цел да добијат соодветен паричен надоместок.

Логистички центри: Организирање на складирање, транспорт, царина при протокот на суровини и готови производи.

Наставната програма по  Дизајн на ентериер и мебел  на дипломираните студенти им обезбедува силна   теоретска и практична основа во Дизајнот на ентериер и мебел.  Меѓусебно поврзани полиња кои се во функција на создавање функционални, естетски пријатни и хармонични внатрешни простори. Овие знаења и вештини можат да се применат во сите дизајнерски компании, кои вклучуваат проектирање, планирање и организирање.

Дел од носечките предмети на насоката Дизајн на ентериер и мебел вклучуваат:

  1. Основи на дизајн
  2. Историја на архитектура, уметност и урбанизам 
  3. Kомпјутерско проектирање
  4. Елементи на проектирање
  5. Композиција во дизајнот
  6. Процес дизајн
  7. Материјали 
  8. Стилови во ентериер и мебел
  9. Ергономија
  10. Дизајн на ентериер 
  11. Дизајн на мебел
  12. Илуминација во ентериер
  13. Компјутерска симулација 3Д
  14. Индустриски дизајн
  15. Простор и авангарден дизајн
  16. Мултифункционални простори
  17. Дизајн проект
  18. Обликување на простор
  19. Дизајн на канцелариски мебел и ентериер
  20. Дизајн на урбан простор
  21. Графички дизајн
  22. Дизајн техники на презентација

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите на програмата по Дизајн на ентериер и мебел, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

Принципи на дизајн: Ќе ги научите основните принципи за дизајн, вклучувајќи теорија на бои, рамнотежа, пропорција, скала и просторни односи. Ова знаење ја формира основата за создавање визуелно привлечни и хармонични дизајни на ентериер и мебел.

Планирање на просторот: Ќе развиете вештини за планирање на просторот, што вклучува разбирање како да се оптимизира функционалноста и протокот на внатрешните простори. Ова вклучува анализа на просторните барања, креирање планови на подот и разгледување на фактори како што се ергономијата и пристапноста.

Материјали и завршоци: Ќе научите за различни материјали и завршни материјали што се користат во дизајнот на ентериер и мебел, вклучувајќи ги нивните својства, апликации и естетски квалитети. Ова знаење ќе ви помогне да донесувате информирани одлуки при изборот на материјали за вашите дизајни.

Дизајн и конструкција на мебел: Ќе стекнете разбирање за принципите за дизајн на мебел, вклучително и ергономијата, обемот и структурниот интегритет. Ќе научите како да креирате детални цртежи за мебел, да изберете соодветни материјали и да размислите за производните процеси и градежните техники.

Компјутерски потпомогнат дизајн (CAD): Умешноста во CAD софтверот е од суштинско значење за модерен дизајн на ентериер и мебел. Ќе научите како да користите софтвер како AutoCAD или SketchUp за да креирате 2D и 3D цртежи, рендери и виртуелни прегледи на вашите дизајни.

Градежни кодови и прописи: Ќе стекнете знаење за градежни кодови, прописи и стандарди поврзани со дизајнот на ентериер и мебел. Ова вклучува разбирање на безбедносните барања, упатства за пристапност и кодови за пожар што треба да се придржуваат при дизајнирање на внатрешни простори.

Одржливост и еколошки размислувања: Како што одржливоста станува сè поважна, ќе научите за еколошки практики и материјали за дизајн. Ќе ги разберете концептите како што се енергетска ефикасност, одржливи извори и намалување на отпадот и како да ги вклучите во вашите дизајни.

Комуникациски и презентациски вештини: Ќе развиете силни комуникациски и презентациски вештини за ефективно да ги пренесете вашите дизајнерски идеи до клиентите, соработниците и производителите. Ова вклучува создавање на привлечни визуелни презентации, вербална комуникација и писмена документација.

Управување со проекти: Дизајнот на ентериер и мебел често вклучува управување со проекти од почеток до крај. Ќе научите вештини за управување со проекти, вклучувајќи буџетирање, распоред, набавка и координација со изведувачите и продавачите.

Трендови во индустријата и професионална пракса: Ќе останете ажурирани со тековните трендови во индустријата, новите технологии и стиловите на дизајнирање. Исто така, ќе стекнете разбирање за деловните аспекти на индустријата, вклучувајќи го и управувањето со клиентите, маркетингот и етиката.

Дипломираните студенти на програмата Дизајн на ентериер и мебел имаат широк спектар на можности за кариера во различни сектори, како во домашното така и во глобалното економско опкружување. 

Дизајнер на ентериер: Како дизајнер на ентериер, можете да работите на станбени, комерцијални или институционални проекти. Вие ќе бидете одговорни за дизајнирање и создавање функционални и естетски пријатни простори. Ова вклучува избор на мебел, материјали, бои и додатоци, како и креирање распоред и координација со изведувачите и клиентите.

Дизајнер на мебел: Ако имате страст за дизајн на мебел, можете да се специјализирате за создавање иновативни и функционални парчиња мебел. Можете да работите за производител на мебел, студио за дизајн или како хонорарен дизајнер. Ќе бидете вклучени во целиот процес на дизајнирање, од концептуализација и прототипирање до производство и маркетинг.

Планер на простор: Планерите на просторот се фокусираат на оптимизирање на функционалноста и ефикасноста на внатрешните простори. Тие го анализираат расположливиот простор, ги земаат предвид потребите на станарите и развиваат планови за распоред што го максимизираат користењето на областа. Планерите на простор често тесно соработуваат со архитекти, дизајнери на ентериер и менаџери на проекти.

Сценограф: Сценографите се вклучени во создавањето визуелна средина за филмови, телевизиски емисии, театарски продукции и настани. Тие соработуваат со режисери, продуценти и уметнички директори за да дизајнираат и градат комплети кои ја одразуваат посакуваната естетика и расположение на продукцијата. Сценографите треба да имаат добро разбирање за принципите на внатрешен дизајн и способност да создаваат извонредни средини.

Дизајнер на изложба: Дизајнерите на изложбата се одговорни за создавање на ангажирани и информативни изложбени простори за музеи, галерии, саеми и други јавни настани. Тие тесно соработуваат со кураторите и персоналот на музејот за да дизајнираат распоред, витрини, знаци и интерактивни елементи кои го подобруваат искуството на посетителите.

Дизајнер на продавници за малопродажба: Дизајнерите на продавници за малопродажба се специјализирани за создавање атрактивни и функционални простори за малопродажните претпријатија. Тие ги земаат предвид факторите како што се: распоредот на продавницата, поставеноста на производите, протокот на клиенти и брендирањето за да создадат ефективна средина за купување. 

Стилист за внатрешни работи: Стилистите за внатрешни работи работат на подобрување на визуелната привлечност на внатрешните простори со избирање и уредување мебел, додатоци и предмети за декор.

Наставната програма по Компјутерски дизајн на дипломираните студенти им обезбедува силна теоретска и практична основа во дизајнот на нови производи и моделирање на производни процеси.

Студирањето Компјутерски дизајн може да понуди не само интересна, туку и многу исплатлива и брзорастечка кариера. Компјутерскиот дизајн комбинира уметност и инженерство. Како дизајнер, ќе работиш на создавање на функционални, естетски убави и иновативни производи, како што се електронски уреди, мебел, автомобили, алатки и многу други производи што ги користиме во секојдневниот живот. Поради постојаното иновациско надминување на пазарот и потребата за создавање на нови и подобрени производи,компјутерските дизајнери се барани во многу различни индустрии, од автомобилска индустрија до технологија и потрошувачки производи.

Дел од носечките предмети на насоката Компјутерски дизајн вклучуваат:

  1. Анализа на податоци
  2. Графички дизајн
  3. Визуелен развој на графички софтвер
  4. Основи на моделирање
  5. Основи на веб-програмирање
  6. Техники на виртуелна реалност
  7. Индустриски дизајн
  8. Структури и бази на податоци
  9. Проектирање и симулација на деловни процеси
  10. Дигитална картографија и ГИС
  11. Основи на симулација
  12. Компјутерска симулација 3D
  13. Процес дизајн
  14. Основи на дизајн
  15. Обработка во облак
  16. Системски софтвер
  17. Архитектура на системи за компјутерски дизајн 
  18. Објектно ориентирано програмирање
  19. Компјутерско проектирање
  20. Основи на системи на компјутерски дизајн

Во текот на студиите на програмата по Компјутерски дизајн, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

Принципи на дизајн: Ќе ги научите основните принципи за дизајн, вклучувајќи теорија на бои, рамнотежа, пропорција, скала и просторни односи. Ова знаење ја формира основата за создавање визуелно привлечни и хармонични дизајни на ентериер и мебел.

Планирање на просторот: Ќе развиете вештини за планирање на просторот, што вклучува разбирање како да се оптимизира функционалноста и протокот на внатрешните простори. Ова вклучува анализа на просторните барања, креирање планови на подот и разгледување на фактори како што се ергономијата и пристапноста.

Компјутерски потпомогнат дизајн (CAD): Умешноста во CAD софтверот е од суштинско значење за модерен дизајн на ентериер и мебел. Ќе научите како да користите софтвер како AutoCAD или SketchUp за да креирате 2D и 3D цртежи, рендери и виртуелни прегледи на вашите дизајни.

Анализа на податоци: Изучување на современи пристапи за анализирање на податоци во индустријата.

Софтверска поддршка: Изучување на современите интернет технологии и софтвери за моделирање на процеси и нивна примена.

Одржливост и еколошки размислувања: Како што одржливоста станува сè поважна, ќе научите за еколошки практики и материјали за дизајн. Ќе ги разберете концептите како што се енергетска ефикасност, одржливи извори и намалување на отпадот и како да ги вклучите во вашите дизајни.

Комуникациски и презентациски вештини: Ќе развиете силни комуникациски и презентациски вештини за ефективно да ги пренесете вашите дизајнерски идеи до клиентите, соработниците и производителите. Ова вклучува создавање на привлечни визуелни презентации, вербална комуникација и писмена документација.

Управување со проекти: Дизајнот на ентериер и мебел често вклучува управување со проекти од почеток до крај. Ќе научите вештини за управување со проекти, вклучувајќи буџетирање, распоред, набавка и координација со изведувачите и продавачите.

Трендови во индустријата и професионална пракса: Ќе останете ажурирани со тековните трендови во индустријата, новите технологии и стиловите на дизајнирање. Исто така, ќе стекнете разбирање за деловните аспекти на индустријата, вклучувајќи го и управувањето со клиентите, маркетингот и етиката.

Дипломираните студенти на програмата Компјутерски дизајн имаат широк спектар на можности за кариера во различни сектори, како во домашното така и во глобалното економско опкружување.

Како дипломиран инженер по компјутерски дизајн, твојата задача ќе биде да ги решаваш проблемите преку дизајн. Ќе треба да размислуваш за функционалност, безбедност, ергономија и естетика на производите, создавајќи решенија кои се не само привлечни, туку и ефективни во реалниот живот. Студиите на компјутерски дизајн те обучуваат да користиш напредни софтвери и алатки, како CAD, 3D моделирање и сл., што се многу вредни вештини на пазарот на труд. Ќе развиеш способност да комбинираш дизајн со техничка изведба и производство.

Важни информации при упис на прв циклус ќе најдете на следниот линк

Важни информации за запишаните студенти ќе најдете тука

Архива на студиски програми