
Преку програмите од постдипломските студии на Факултетот за природни и технички науки во Штип, на дипломираните студенти од прв циклус им се овозможува понатамошно усовршување и тесна специјализација во избрана област од рударството, геологијата, инженерство за заштита на животната и работната средина, како и дизајн на ентериер и мебел. Наставните програми од втор циклус на студии се дизајнирани да одговорат на тековните потреби на пазарите на трудот во рамки на домашната економија, но и на светско ниво.
Со завршувањето на овие студии, Вие се стекнувате со назив Магистер на технички науки (од соодветната област), по што ви се отвораат можности за напредок во кариерата и/или за вработување во атрактивни домашни и странски компании.
Дизајн на ентериер и мебел (60 ЕКТС)
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно двa семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма, студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки по дизајн на ентериер и мебел (Master of science in interior design and furniture)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Структурата на студиската програма Дизајн на ентериер и мебел (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Индустриски дизајн за современи потреби
- Дизајн на детска средина – ентериер и екстериер
- Илуминација во ентериер 2
- Дизајн студио
- Простор и стил
- Дизајн на мебел
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Иновативни материјали за простор
- Ергономија и ергономско проектирање
- Ликовно обликување во ентериер
- Заштита на културно наследство
- Елементи на градската средина
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Пејзажна архитектура (60 ЕКТС)
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно двa семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на пејзажна архитектура (Master of science and – Landscape architecture)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Структурата на студиската програма Пејзажна архитектура (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Еколошка реставрација во пејзажната архитектура
- Дизајн на зелените површини
- Илуминација во пејзажната архитектура
- Теорија на композиција во пејзажната архитектура
- Уредување на зелените површини
- Индустриски дизајн за современи потреби
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Иновативни материјали
- Ергономија и ергономско проектирање
- Архитектонско градежен камен
- Мапирање и визуализација во ГИС
- Дигитална илустрација
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Студиска програма Пејзажна архитектура (едногодишни) (Линк)
Предметна програма Пејзажна архитектура (едногодишни) (Линк)
Важни информации при упис на втор циклус (Линк)
Важни информации за запишаните студенти (Линк)
Решение за акредитација (Линк)
Решение за почеток со работа (Линк: https://fptn.ugd.edu.mk/documents/vtor-ciklus-2023-24/resenija-za-pocetok-so-rabota/pejzazna-arhitektura.pdf
Инженерство за заштита на животна средина (60 ЕКТС)
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно двa семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на технички науки од областа на инженерство за заштита на животна средина (Master of Technical science of Environmental Engineering)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Структурата на студиската програма Инженерство за заштита на животна средина (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Наука за земјата
- Загадување и третман на води
- Загадување и заштита на воздухот
- Загадување и заштита на земјиште
- Управување со отпад
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Моделирање на загадување на воздухот
- Моделирање на загадување на почви и води
- Моделирање на бучава
- Третман на отпад и рециклажни технологии
- Јавно здравје и епидемиологија
- Техники за процена на ризици и донесување на одлуки
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Инженерство за заштита на работна средина (60 ЕКТС)
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно двa семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на технички науки од областа на инженерство за заштита на работна средина (Master of Technical science of safety and health engineering)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Структурата на студиската програма Инженерство за заштита на работна средина (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Вовед во безбедност и здравје при работа
- Системи за управување со БЗР
- Ергономија и ергономско проектирање
- Јавно здравје и Епидемиологија
- Методи за процена на ризици во работна средина
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Техничка заштита
- Заштита од електромагнетно зрачење
- Управување со опасни материи
- Индустриска вентилација
- Контрола на бучава и вибрации
- Менаџмент на човечки ресурси
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Подземна експлоатација
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на подземна експлоатација (Master of science of underground mining)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Подземна експлоатација (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Транспортни системи во подземните рудници
- Современи вентилациони системи и одводнување на подземните рудници
- Современо планирање и проектирање на подземен рудник
- Современи технологии за изработка на рударски простории
- Оптимизација и моделирање во рударството
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Современи рударски методи за подземна експлоатација на неслоевити наоѓалишта
- Одбрани поглавја од механика на карпи
- Техничка заштита
- Подземни подградни системи
- Одбрани поглавја од подземна експлоатација на слоевити наоѓалишта
- Рудничка економија
- Одбрани поглавја од рударски извозни постројки
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Површинска експлоатација
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на површинска експлоатација (Master of science of surface mining)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Површинска експлоатација (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Одбрани техники на дупчење и минирање
- Одбрани поглавја од проектирање
- GPS
- Одбрани поглавја од површинска експлоатација
- Неконвенционални методи на експлоатација на минерални суровини
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Одбрани поглавја од производни системи на АГК
- Одбрани поглавја од механика на почви
- Одбрани поглавја од моделирање во рударството
- Одбрани поглавја од механика на карпи
- Сеизмички ефекти при минирање
- Производни системи со континуирана работа
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Подготовка на минерални суровини
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на подготовка на минерални суровини (Master of science of mineral processing)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Подготовка на минерални суровини (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Индустриски процеси во ПМС
- Методи на испитување во ПМС
- Теориски основи на ПМС
- Флотациски хидројаловишта и рекултивација
- Проектирање во ПМС
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Машини и апарати во ПМС
- Флотациски реагенси
- Оптимирање и моделирање во ПМС
- Третман на отпадни води
- Рециклажни технологии
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Геологија и геофизика
Студентите на овој циклус на студии стекнуваат проширени знаења од подрачјето на геологијата и геофизиката, методите и техниките за управување со трошоците, анализа на финансиските извештаи, евалуација на извршените деловни активности, ревизиските методи и постапки и сл.
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Структурата на студиската програма Геологија и геофизика (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија и организација на научноистражувачка работа
- Геофизички полиња
- Тектонофизика
- Компјутерско моделирање и интерпретација
- Методи на старост
- Методи на каротаж
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Геофизички модели на тврда земја
- Сеизмика
- Геомагнетизам
- Структурни модели
- Мерна техника
- Стратиграфски методи
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Хидрогеологија
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на хидрогеологија (Master of science of hydrogeology)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Хидрогеологија (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Методологија на хидрогеолошки истражувања
- Применета хидрологија
- Менаџмент на водни ресурси
- Геофизички истражувања на подземни води
- Контаминација и ремедијација на подземни води и геосредини
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Моделирање на подземни води
- Карсни водоносници
- Изотопна хидрогеологија
- Геотермални ресурси и хидрогеотермални системи
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Наоѓалишта на минерални суровини
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на наоѓалиште на минерални суровини (Master of science in the field of mineral resources)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Наоѓалишта на минерални суровини (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија на научноистражувачка работа
- Современи квантитативни анализи
- Применета геохемија
- Проспекција и оценка на наоѓалишта на минерални суровини
- Моделирање на рудоносните процеси
- Истражување и евалуација на минералните суровини
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Минерагенија на неметални суровини
- Економска геологија
- Енергетски суровини
- Апликативни софтверски пакети
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Петрологија, минерологија и геохемија
Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на науки од областа на петрологија, минерологија и геохемија (Master of science of petrology, mineralogy and geochemistry)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.
Структурата на студиската програма Петрологија, минерологија и геохемија (едногодишни студии) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.
Задолжителни предмети:
- Методологија и организација на научноистражувачка работа
- Минералогија
- Геохемија на средината
- Петрологија
- Рендгенска дифракција
- Користење на геохемиски податоци
Дел од изборните предмети вклучуваат:
- Кристалохемија
- Архитектонско украсен камен
- Петролошки испитувања
- Минералогија на почви
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.
Претходни акредитации
За повеќе информации обратете се кај референтите од студентската служба за втор циклус на студии:
Марјан Марков
Телефон: +389 32 550 061
E-mail: marjan.markov@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб
Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија