„Scaling up actions to tackle air pollution“ (Зголемување на активностите за справување со загадувањето на воздухот)“
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултет за природни и технички науки, Лабораторија „Амбикон“ има потреба да ангажира лица како соработници во реализирањето на проектот „Scaling up actions to tackle air pollution“ (Зголемување на активностите за справување со загадувањето на воздухот)“ и тоа: лаборант, теренски работник, изработувач на информативен материјал, графички дизајнер, преведувач од македонски на англиски и преведувач од македонски на албански јазик.
Проектот е финансиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) и ќе трае до 31.12.2025 година.
- За проектот
Проектот „Scaling up actions to tackle air pollution“ (Зголемување на активностите за справување со загадувањето на воздухот)“ е финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), всушност е продолжение на претходен проект „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“, кој лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го спроведуваше во периодот 2020-2022 година. Со овој проект, се предвидува проширување на мерењата на загадување на воздухот во 5 други општини (Гостивар, Струга, Кавадарци, Струмица и Куманово), а врз основа на добиените мерења да се изработи план на мерки и активности за справување со проблемот на загаден воздух во секоја од наведените општини.
- Позиции и опсег на работа
- Работно место: Лабораториски техничар, 1 (еден) извршител.
Времетраење на потребата за соработка: 30.04.2023 - 31.03.2024.
Опис на работни активности: прием на мостри поврзани со загадувањето на воздухот од петте градови наведени во краткиот опис на проектот, нивно архивирање и обработка согласно стандардите за работа во лабораторијата. Потребно е минимум познавање за работа во лабораторија и постапување по стандарди за безопасност во работата во лабораториски услови.
- Работно место: Теренски техничар, 1 (еден) извршител.
Времетраење на потребата за соработка: 30.04.2023 - 31.03.2024.
Опис на работни активности: редовна замена на филтри и друг вид потрошен материјал на мерните уреди поставени во Гостивар и Струга. По потреба, во случај на неактивност на мерните уреди ќе има треба да се направи посета на лице место, да се утврди проблемот за неактивност и во соработка со надлежното лице од лабораторијата да се пристапи кон отстранување на проблемот.
Потребно е располагање со возачка дозвола, Б категорија и сопствено возило за теренска активност.
- Работно место: стручен соработник за изработка на информативен материјал, 1 (еден) извршител.
Времетраење на потребата за соработка: 01.05.2023 - 31.12.2025.
Опис на работни активности: лицето ќе одржува тесни контакти со раководителот и заменик раководителот на проектот од кои ќе добива податоци од мерењата, превземените активности за утврдување на изворите на загадувањето, динамиката на изработка на материјалите за справување со проблемите за сите општини и врз основа на добиените сознаија да изработува написи подготвени за објавување на интернет страниците од проектот, Лабораторијата и другите носачи на информација. Информативниот материјал треба да биде изработен согласно највисоките стандарди за содржина и структура на информативен материјал и да биде приспособен за разбирање на население од различна образовна структура.
- Работно место: соработник за изработка на содржина за информативен материјал, 1 (еден) извршител.
Времетраење на потребата за соработка: 01.05.2023 - 31.12.2025.
Опис на работни активности: лицето ќе има тесна соработка со раководителот на проектот и неговиот заменик, како и со определени лица од општините каде ќе се спроведува проектот и врз основ на стекнати сознанија ќе изработува содржини кои ќе послужат за изработка на написи, како и инфографици, кои ќе го отсликуваат карактерот на проектот, динамиката на негово спроведување, стекнати сознанија од резултатите од мерењата како и за степенот на извршеност на проектот.
- Работно место: графички дизајнер, 1 (еден) извршител.
Времетраење на потребата за соработка: 01.05.2023 - 31.12.2025
Опис на работни активности: лицето ќе одржува тесни контакти со раководителот и заменик раководителот на проектот, како и со лицето одговорно за изработка на информативен материјал. Во координација со нив, ќе треба да се изработуваат тематски инфографици кои ќе бидат објавувани на интернет страниците од проектот, Лабораторијата и другите носачи на информација. Исто така, ангажираното лице ќе изработува и друг вид графички решенија за потребите на проектот.
- Работно место: преведувач од македонски на албански јазик, 1 (еден) извршител.
Потребно е познавање на терминологија од област на загадување на воздух и називи на лабораториска опрема која се употребува за определување загадувачки агенси и извори на загадување.
Времетраење на потребата за соработка: 01.05.2023 - 31.12.2025
Опис на работни активности: лицето ќе одржува тесни контакти со раководителот и заменик раководителот на проектот, како и со лицето одговорно за изработка на информативен материјал. Добиените информативни материјали, како и документите за справување со загадувањето треба да се преведат од македонски на албански јазик.
- Начин на пријавување и селекција
Заинтересираните кандидати/ки по е - пошта треба да достават работна биографија (CV) и сертификати (доколку располагаат со такви) кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна дo 28.04.2023 година на е - адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме (пример: Новинар – A.A)
Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност за избор нема да се враќаат.
Лице за контакт:
Проф. д-р Афродита Зенделска, заменик координатор на проект – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.