Се известуваат студентите на Факултет за природни и технички науки дека на 28 март 2024 година (петок) ќе се одржат Избори за членови на Факултетско студентско собрание на Факултет за природни и технички науки по електронски пат.
Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите активни студенти на прв, втор и трет циклус студии во рамки на единицата кои се запишани на студии во учебната 2024/2025 година.
На денот на изборите секој студент на единицата на студентската електронска адреса ќе добие линк за гласање за членови на Факултетско студентско собрание.
Пријава за избор на член на Факултетско студентско собрание е достапна кај продеканот на единицата, проф. д-р Стојанче Мијалковски (контакт: stojance.mijalkovski@ugd.edu.mk/тел. 071 870 394) и се доставува лично или електронски на е-пошта (скенирана со потпис на студентот) до архивата на единицата кај техничкиот секретар м-р Ана Станковска (е-пошта: ana.stankovska@ugd.edu.mk).
26.2.2025 год.
Декан,
проф. д-р Ѓорѓи Димов