Рудникот за олово и цинк „САСА“ во учебната 2018/2019 година ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од кои 10 од студиската програма Рударство и по петмина од студиските програми Геологија и Инженерство на животната средина.

Тие ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.

Покрај финансиската поддршка во текот на студиите, Рудникот „САСА“ им овозможува на идните студенти практичен работа, а најдобрите од нив ќе имаат можност за вработување во рудникот по завршувањето на судиите.

  • Среќни сме што во соработка со раководството на Факултетот за природни и технички науки ќе можеме да ги поддржиме талентираните млади луѓе кои се определуваат да стекнат знаења во областите поврзани со нашата индустрија. Тие се наши потенцијални колеги, па наш природен интерес е низ образованието и праксата што подобро да се подготват за работа во модерното и одговорно рударство - изјави генералниот директор на „САСА“, Олег Телној.

На факултетот стипендирањето го гледаат како можност за зголемување на атрактивноста на студиските групи за студентите кои првпат се запишуваат.

  • Завршените средношколци сега имаат уште еден мотив повеќе да ги одберат токму групите поврзани со рударската индустрија. Воедно, со ова Рудникот „САСА“ и Централ Азија Металс уште еднаш го докажуваат партнерството со нашата образовна институција - рече проф. д-р Зоран Десподов, декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип.

    Стипендиите ќе бидат наменети, пред сѐ, за студенти кои доаѓаат од Македонска Каменица и од околните населени места. Повеќе информации заинтересираните кандидати за стипендии можат да добијат на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во локалната канцеларија за комуникација со јавноста на „САСА“ во Македонска Каменица.

Технички секретар

Ана Петровска
Тел: +389 32 550 550
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „Гоце Делчев“ бр.89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Нада Донева
Тел: +389 32 550 593
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип
Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Кавадарци
Зорица Ѓорѓиева
Телефон: +389 32 550 253
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.