Во периодот од 1-ви до 3-ти ноември 2019 година во хотелот “Сириус”-Струмица, се оддржа XII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини (ПОДЕКС-ПОВЕКС 2019).
Ова советување е во организација на Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија (ЗРГИМ). Факултетот за природни и технички науки е коорганизатор на советувањето и зема активно учество преку презентирање на научни и стручни трудови, како и во организирањето на советувањето, а посебно во делот за подготовка и објавување на Зборник на трудови.
Стручното советување ПОДЕКС-ПОВЕКС моментално претставува единствен собир на професионална основа во државата, на кој се презентираат остварени производни резултати, нови методологии и технологии во сферата на рударството и геологијата.
Исто така, овде се присутни скоро сите позначајни комерцијални фирми од рударскиот сектор, кои егзистираат во државата и регионот. Со нивните штандови и видео презентации, размената на искуствата се надополнува со најновите трендови во производството на рударска опрема и развојот на нови технологии.
Советувањето од година во година има се поголема посетеност и популарност. Оваа година присуствуваа околу 300 гости од земјава и странство. Најголем дел од гостите кои беа присутни, се директно вработени во рударските компании кај нас или во регионот, а мал дел се индиректно инволвирани во рударските компании преку продажба на рударска опрема, механизација, репроматеријали и слично.
Советувањето го отвори Претседателот на организациониот одбор - Олег Телној, кој воедно е и Генерален директор на Рудникот за олово и цинк “САСА”. Воведно обраќање на советувањето оддржаа:
Проф. д-р Блажо Боев, Ректор на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип;
Проф. д-р Зоран Десподов, Декан на Факултетот за природни и технички науки;
Николајчо Николов, член на Стопанската комора на Македонија (Асоцијација за рударство) и директор на Рудник за бакар “Бучим”;
М-р Горан Сарафимов, Претседател на Здружението на рударските и геолошките инженери на Македонија (ЗРГИМ);
Доц. д-р Јоже Кортник, Претседател на рударската асоцијација во Словенија и наставник на Факултетот за природни науки и инженерство, при Универзитетот во Љубљана;
Д-р Кремена Дедељанова, Претседател на научно – техничкиот сојуз за рударство, геологија и металургија во Бугарија;
Проф. д-р Иваило Копрев, Декан на Факултетот за рударство, при Мино-геолошкиот Универзитет во Софија.
Откако завршија воведните обраќања, им беа доделени благодарници на спонзорите, благодарение на кои се оддржува ова советување. Компаниите кои го спонзорираа овогодинешното советување се следниве:
ЗЛАТЕН СПОНЗОР: РУДНИК ЗА ОЛОВО И ЦИНК “САСА” – М. КАМЕНИЦА РУДНИК ЗА БАКАР “БУЧИМ” – РАДОВИШ “МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ” – ПРИЛЕП “ДЕТОНИТ” ДООЕЛ – РАДОВИШ “METSO MINERALS” – СКОПЈЕ “БУЛМАК 2016” – ПРОБИШТИП СРЕБРЕН СПОНЗОР: ЦЕМЕНТАРНИЦА “УСЈЕ” – СКОПЈЕ “MISA - MG” – СКОПЈЕ “MAKTEK” – СКОПЈЕ |
БРОНЗЕН СПОНЗОР: “ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА” – СКОПЈЕ “EXPLOTEC MAC” DOOEL – РАДОВИШ “МАРКОВСКИ КОМПАНИ” – БИТОЛА “MG Kompanija” DOOEL – СКОПЈЕ “ТЕХНОКОМЕРЦ” АД – СКОПЈЕ “ТЕИКОМТИМ” ДОО – БИТОЛА “МАШИНОКОП” – КАВАДАРЦИ “MS&T Solutions” – СКОПЈЕ “ALPHATECH” – СКОПЈЕ “ADING” – СКОПЈЕ “MOBILMANN” |
Олег Телној - Претседателот на организациониот одбор
Проф. д-р Блажо Боев - Ректор на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип
Проф. д-р Зоран Десподов - Декан на Факултетот за природни и технички науки
Николајчо Николов – Член на Стопанската комора на Македонија (Асоцијација за рударство) и директор на Рудник за бакар “Бучим”
М-р Горан Сарафимов - Претседател на Здружението на рударските и геолошките инженери на Македонија (ЗРГИМ)
Доц. д-р Јоже Кортник - Претседател на рударската асоцијација во Словенија и наставник на Факултетот за природни науки и инженерство, при Универзитетот во Љубљана
Д-р Кремена Дедељанова - Претседател на научно – техничкиот сојуз за рударство, геологија и металургија во Бугарија
Проф. д-р Иваило Копрев - Декан на Факултетот за рударство, при Мино-геолошкиот Универзитет во Софија
Благодарници за спонзорите