Проф. д-р Тодор Серафимовски од Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип неодамна е избран за претседател на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност.
Мандатот на новоизбраниот претседател на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност, проф. д-р Тодор Серафимовски, е за период од две години.
Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност е самостоен стручен орган кој треба да работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научноистражувачката дејност во државата.
Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог-мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Формиран е согласно со Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.