Високото ниво на соработка на Рудникот за олово и цинк „САСА“ и Факултетот за природни и технички науки при УГД – Штип добива своја потврда и во новата академска година која ќе започне за нешто помалку од еден месец.

Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудникот „САСА“ се обврза да обезбеди стипендии за осум студенти запишани во прва година во учебната 2021/2022 година на Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Пет стипендии ќе им бидат доделени на студенти по рударство, две стипендии на студенти на насоката геологија и една за студиите во областа на заштитата на животната средина.   Дополнително, оваа година „САСА“ се обврза да обезбеди и четири стипендии за постдипломски студии на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиските програми Хидротехника и геотехничко инженерство. Студентите секој семестар ќе добиваат по 350 долари, а постдипломците по 470 долари во денарска противвредност. Освен новите стипендии, продолжува поддршката и на досегашните стипендисти, па така „САСА“ годишно издвојува повеќе од 10.000 долари за стипендирање на студенти.

- Со големо задоволство продолжуваме да ги поддржуваме студентите кои го усовршуваат своето образование и знаење во области кои се релевантни за нашите операции во ҆САСА҆. Веруваме дека овие стипендии ќе ги поддржат и мотивираат младите луѓе да се стремат кон најдобрите академски достигнувања во избраните области. Сакаме да сториме сѐ што можеме за да им помогнеме на младите македонски граѓани да ги развијат своите вештини, со тоа што ние во ҆САСА҆, како и во другите локални бизниси, ќе им обезбедиме можности за нивно вработување и развој на нивната кариера на долг рок - изјави генералниот директор на „САСА“, Скот Јеланд.

Според деканот на ФПТН, проф.д-р Зоран Десподов,  стипендирањето на студенти од компанијата која во државава се вбројува меѓу четирите најуспешни компании  Факултетот за природни и технички науки е од огромно значење, не само од аспект на привлекување на идни студенти туку и како гест на добра соработка на рударските компании со образовните институции и знак дека нашите кадри се барани од странски компании кои стопанисуваат со нашите рудници

- Со стипендирањето нашите дипломирани студенти на некој начин се обврзуваат да се вработат во оваа компанија, тоа дава гаранција дека интелектуалниот кадар ќе остане кај нас, а истовремено компанијата се обврзува дека ќе вложува во овие студенти, дека ќе им овозможи студентска пракса и др. Посебно сме му благодарни на генералниот директор на Рудникот, г. Скот Јеланд, кој покрај добрата соработка во апликативниот и научниот дел, со овој гест покажа дека се општествено-одговорна компанија и дека мислат за идниот развој на овој наш рударски гигант, кој е од огромно значење не само за Општина Македонска Каменица, туку и за целата држава.      

Информациите и критериумите за добивање стипендии од „САСА“ се објавени на интернет страницата на „САСА“ (sasa.com.mk). Пријавувањето за добивање стипендија може да се направи до 5 октомври 2021 година. При разгледувањето на пристигнатите пријави, „САСА“ ќе им даде посебен фокус на младите луѓе од Македонска Каменица и околните места, како и на оние од социјално ранливите семејства. Покрај финансиската поддршка во текот на студирањето, „САСА“ ќе им овозможи на своите стипендисти одблизу да се запознаат и да стекнат првично искуство за тоа како функционира еден современ рудник. Оние кои ќе покажат најдобри резултати во текот на студирањето ќе добијат дополнителни поени при аплицирање за вработување во „САСА“. Сите заинтересирани кандидати за овие стипендии своите пријави можат да ги достават по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или да добијат дополнителни информации на телефонскиот број 033 279 225.

Технички секретар

Ана Петровска
Тел: +389 32 550 050
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „Гоце Делчев“ бр.89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Нада Донева
Тел: +389 32 550 593
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип
Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Кавадарци
Зорица Ѓорѓиева
Телефон: +389 32 550 253
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.