На 05 мај 2022 година студентите од студиската програма Рударство беа во посета на рудникот за олово и цинк Тораница, Крива Паланка. Концесионер на рудникот Тораница е фирмата ДПТ Булмак 2016 ДООЕЛ.
Во рамки на посетата студентите влегоа во јама, за што претходно добија упатства за безбедност во јама, како и соодветна заштитна опрема. Во јама студентите беа запознаени и на лице место видоа како се врши подградувањето на рударските простории, ја видоа опремата за дупчење и товарање и транспорт. Исто така, видоа и поголем број на сипки, како објекти за гравитациско спуштање на рудата. По излегување на површина го видоа главниот бункер за руда и го разгледаа погонот за подготовка на минерална суровина и се запознаа со процесот на флотација.
Оваа посета беше реализирана од страна на проф. д-р Николинка Донева и проф. д-р Афродита Зенделска.
Сепак, оваа посета немаше да биде реализирана доколку не беше добрата соработка и одличниот прием од страна на директорот Драги Тодоровски, како и инженерскиот тим од рудник Тораница: Деса Спасовска, главен геолог, Денис Ѓоргиевски, рударски инженер за дупчење и минирање, Стојан Тасевски, геолог, Добре Илиевски, инженер за заштита при работа и Цветан Ангеловски, флотација.