Георударијада“ е традиционална манифестација која ги собира студентите на рударство и геологија од целиот регион.
Целта на „Георударијадата“ е развој на меѓународна соработка помеѓу факултетите и унапредување на односите помеѓу студентите на тие факултети, размена на знаења и искуства, како и стекнување на нови пријателства кои во иднина можат да прераснат во професионални соработки.
Оваа година „Георударијадата“ ќе се одржи во организација на Техничкиот факултет во Бор, во Сокобања. Студентите ќе бидат сместени во хотелот „Бањица" во Сокобања.
Периодот на одржување ќе биде од 3 до 7 мај 2023 год.
За подетални информации можете да го контактирате проф. д-р Стојанче Мијалковски.