Од 27 до 29 септември 2024 година во Охрид во хотел ИНЕКС ОЛГИЦА ќе се одржи Vтиот конгрес на Македонското геолошко друштво на кој учество ќе земат над 150 учесници од повеќе европски земји.
Високото ниво на конгресот ќе се задржи и оваа година, за што сведочи реномето на авторите и презентерите на трудовите а пред се реномето на поканетите на пленарни предавачи. За време на овој конгрес планирано е на ден 27.9.2024 година, да се одржи во седница на Собранието на МГД и согласно Статутот на истото да се избере претседател. За сите заинтересирани кандидати подолу го објавуваме огласот објавен на ден 24.08.2024 година во дневниот весник Нова Македонија:
Оглас
За избор на Претседател на “Mакедонско геолошко друштво, Скопје 1952” (скратено МГД) за мандатен период 2024 до 2028 година.
Ве известуваме, дека избор на претседател на МГД ќе се одржи во времетраењето на Vтиот конгрес на МГД кој ќе се одржи во Охрид во хотел ИНЕКС ОЛГИЦА на седница на Собранието на ден 27.9.2024 година, согласно на Статутот на МГД.
Како кандидат за Претседател може да се пријави секој активен член на МГД.
Кандидатите за претседател поднесуваат Пријава со:
- кратка програма за работа;
- биографски и библиографски податоци.
Документите се поднесуваат до секретарот на ДГМ и до Организациониот одбор на конгресот, во период не пократок од 15 дена пред одржување на седницата на Собранието на МГД, по електронски пат на маил адреса на Секретарот на Друштвото од каде може да се добијат и подетални информации (e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).
ОД МГД