За факултетот

Факултетот за природни и технички науки обезбедува високи знаења кои се во тесна врска со најсовремените трендови во индустријата и технологијата. Студиските програми на овој факултет и начинот на изведување на наставата, на студентите им овозможуваат стекнување на вештини, знаења и способности кои ќе ги донесат на врвот во современата индустрија.

Факултетот за природни и технички науки вклучува голем број на атрактивни студиски програми во сите три циклуси на студии. Студентите кои студираат на Факултетот за природни и технички науки се стекнуваат со високи компетенции, заења и вештини кои се бараат во современите компании.

Практичната работа во текот на студиите, соработката со стопанството и искусниот наставнички кадар се трите основни елементи кои со сигурност придонесуваат за стекнување на високи компетенции релеватни не само на домашниот, туку и на меѓународниот пазар на трудот. Факултетот за природни и технички науки е вистински избор за секој млад човек.

 

Декан
Ред. проф. д-р Зоран Десподов
E-mail:zoran.despodov@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 560

 

 
Продекан
Доц. д-р Ѓорги Димов
E-mail: gorgi.dimov@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 115