Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, под покровителство на партнерот i-SeMe од Словенија, стана таск партнер на европскиот проект RIS-Briefcase или актовка на минералите (http://briefcase.eitrawmaterials.eu/), за периодот 2023-2029 година. Проектот е кофинансиран од EIT RawMaterials.
Повеќе...Во рамките на министерската конференција за квалитет на високото образование, министерот за образование и наука Јетон Шаќири му додели Плакета – признание за успешно раководење со Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност на проф. д-р Тодор Серафимовки од Факултетот за природни и технички науки при УГД.
Повеќе...Ана Михаиловска, студентка на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е меѓу 12-те добитници на признанието „Инженерски прстен“ за 2023 година.
„Инженерски прстен“, признание за успешни студенти од инженерските дисциплини, по 20. пат добија најдобрите студенти од македонските факултети за инженерски дисциплини.